За време на тренирањето во теретана треба да ги насочите своите сопствени мисли исклучиво на унапредување на личните цели. Пред сè треба да ги растргате мислите од длабоки анализи, а особено од онаа која вклучува и други луѓе. Па така треба да престанете да се оптеретувате со одредени прашања.
Што другите мислат за мене?
Тоа воопшто не е важно и тие се дојдени во теретана од истата причина како и вие и тие треба да бидат фокусирани на својот физички напредок. Вие на тренинг одите да ги направите своите вежби и да си ги постигнете целите, а не за да ја импресионирате околината. Доколку ова го сфатите ќе видите дека луѓето во вашата околина ќе бидат импресионирани од вашите достигнувања.
Дали изгледам глупаво?
Додека ги правите вежбите фокусирајте се на тоа како таа вежба влијае на вашето тело, а не кој е визуелниот ефект при нејзиното изведување.
Дали ќе го остварам посакуваниот напредок?
Размислувањето за целите треба да биде пред да почнете да тренирате, за да знаете и како најлесно да ги постигнете. Доколку пред себе имате поставена цел, немојте да се сомневате во нивното остварување, туку верувајте во своите способности и успеси.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!