Top
horoskopski

Што најмногу ги привлекува хороскопските знаци?

Дали некогаш сте се запрашале кои се нештата и случувањата кои најмногу ве привлекуваат?

Овен
Сите натпревари во кои постои шанса да победите многу ве привлекуваат, бидејќи длабоко во себе криете страв од губење. Уживате во предизвици и храбро се пробивате низ сите животни бури и тешкотии. Не сакате никогаш и ништо да чекате. Бестрашни сте, воинствени, а често настроени за кавга. Тешко ви паѓа било какво одложување или бавност бидејќи сте динамични, нетрпеливи и импулсивни. Оној кој сака да ви угоди и да го привлече вашето внимание, треба само да го исполни она што ви го ветил – и тоа што поскоро.

Бик
Ве привлекуваат пари и скапоцени предмети, но и услугите кои може некој да ви ги направи. Празните ветувања ништо не ви значат. Понудите кои имаат врска со некое уживање, вкусна храна, квалитетен пијалок, еротско задоволство, интересни патувања или можност преку некоја работа добро да заработите, секогаш ќе го привлече вашето внимание. Нема да одолеете на оној кој ќе ви подготви вкусна вечера со која ќе послужи некое добро вино, под услов и неговиот физички изглед да ги исполнува вашите строги критериуми.

Близнаци
Секогаш ве привлекува секој вид на комуникација, а особено разговор кој за вас претставува вистинско задоволство, секако под услов вие да го имате главниот збор. Сакате да бидете во тек со сите случувања и не сакате ништо да пропуштите. Оној кој може тоа да ви го овозможи има големи шанси да го задржи вашето внимание. Личноста која е запознаена со сите можни новини и најнови трачеви од естрадата и која може да ве одведе на некое ново отворено „фенси“ место, сигурно брзо ќе успее да го привлече и задржи вашето внимание.

Рак
Силни емоции и сигурност која во вашите очи најчесто претставува дом и фамилија секогаш ве привлекуваат. Вашето внимание најмногу може да го привлече оној кој ќе ви помогне во неговиот дом да се чувствувате како во своја куќа или да пронајдете свое „гнездо“. Патот до вашето срце води и преку стомакот, па ќе ве воодушеви личноста која знае да ве израдува со добро јадење, а и со убави зборови. На вас исто така ви претставува задоволство некого да го воодушевите со своите специјалитети, а ве радуваат пофалбите за вложениот труд.

Лав
Клуч за успех за привлекување на припадниците од вашиот знак се пофалбите. Слаби сте на убавите зборови и ласкањето. Уживате во пријатно друштво и сите животни задоволства, но со вас не би требало ништо да се планира, доколку сте лошо расположени. Оној кој ќе успее да ве расположи може да биде сигурен дека како мало маче ќе му јадете од рака. Ве привлекува сè што има врска младите, спортот и уметноста, и секогаш сте подготвени да пофалите некој кој е креативен, со младешки дух или со бујна фантазија.

Девица
Се чувствувате убаво кога некој ќе ја пофали вашата работа или нешто кое сте го направиле со ваши раце, за некое вкусно јадење, убаво сошиен фустан или финансиски извештај. Уживате кога можете да им помогнете на другите, но и тие исто така треба да бидат подготвени да ви ги прифатат советите, но и вашите критики. Ја цените уредноста, точноста, чистотата и трудољубивоста. Не ви е јасно како некој може да живее, а да не дава сè од себе, иако од другите и не очекувате повеќе од она што тие објективно се во состојба да ви го пружат.

Вага
Вие навистина уживате да бидете опкружени со убави работи и пријатни личности, било да се работи за познаници, пријатели или емотивни партнери, а на оној на кого ќе му појде од рака да ја разбере таа ваша потреба, може да биде на важно место во вашиот живот. Најмногу ви одговараат излегувањата во друштво во кое можете да заблескате во полн сјај со својот шарм. Ве привлекува друштво на пријатели кои можат да ви помогнат да донесете некоја важна одлука, бидејќи таа неодлучност може доста да ви го комплицира животот.

Скорпија
Љубовта има важно место во вашиот живот, затоа ве привлекуваат партнери со слични сфаќања. Тешко ги менувате своите ставови и не толерирате ничија потреба на било кој начин да ве менува, па затоа ви одговара друштвото на оние кои тоа на време го сфатиле. Иако на вашите пријатели понекогаш не им се допаѓаат преголемите барања кои пред нив ги ставате, им ја препуштате одлуката за тоа да ли вашето пријателство е вредно на тоа. Сметате дека секое партнерство со нешто може да се измери, а мерката која на вас највеќе ви одговара е посветеноста.

Стрелец
Вашето внимание можат да го привлечат личностите кои знаат да ја разберат и препознаат вашата постојана потреба да бегате од реалноста во некој друг поубав свет од вашата фантазија или некоја друга земја или град. Ќе ве воодушеви оној на кого му е, исто како и на вас, куферот секогаш пола спакуван за случај да треба некаде да тргнете, некој кој секогаш има трпение да ги слуша вашите доживувања од патувањата.

Јарец
Ве привлекува друштво на оние кои знаат да препознаат и да покажат разбирање за вашите негативни фази и постојаните промени на вашето расположение, како и на оние кои се секогаш подготвени да ве охрабрат и да ве мотивираат кога ќе „потонете“. Ви одговара и вниманието на личностите кои ќе ви покажат почитување за вашиот професионален успех. Иако исклучиво со сопствениот труд се качувате кон врвот, секогаш ви значи подршката било да станува збор за некој совет во прав момент или познанство со личност која може да биде важна за вашата кариера.

Водолија
Секогаш ви одговара друштвото на оние кои имаат храброст да бидат она што се, без оглед на тоа што мисли околината. Повеќе ви се допаѓаат личностите кои знаат да подвикнат од оние обичните, здодевно предвидливите, барем по вашите мерила. Оригинален начин на размислување, како и луѓе на кои не им претставува проблем да го толерираат вашето непредвидливо однесување, а имаат разбирање за вашата наклонетост кон ризикот, исто така го привлекуваат вашето внимание. И ако сакате друштво, сакате понекогаш да бидете сами за да ги наполните батериите.

Риби
Сакате музика, танц, сликарство и други креативни начини на изразување, така да оној кој го сака истото веднаш ќе го привлече вашето внимание. Иако тоа отворено не го покажувате, ви одговара кога вашите пријатели или личностите кои ги сакате, кои ќе го приметат или пофалат било кој ваш талент. Оној кој знае да разбере дека голем дел од животот го поминуваме во соништа и мечтаење, може да ве направи среќни, а доколку сака да ја стекне вашате наклоност не смее да ве прекинува во вашето мечтаење ниту да ве шокира со ладнокрвно изнесени факти од вистинскиот живот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *