Top
maski-oci-iLike-mk

Што говори бојата на очите за мажите?

Старата народна поговорка вели дека „Очите се огледало на душата“, па оттаму психолозите се обиделе да најдат поврзаност помеѓу карактерот и бојата на очите. На тој начин, на прв поглед може да го процените мажот кој ви приоѓа.

Сините очи спаѓаат меѓу почестите бои на очи, а обично се поврзуваат со невиност и младост. Како подваријанта се сметаат светло сините очи кои укажуваат на мажи со мирна природа, помалку агресивни и помалку самоуверени. Темно сините очи карактеризираат страстни мажи.

Кафените очи се најчести, а ги имаат лојални, сигурни и нежни мажи, одлучни и полни со самодоверба. Истражувањата покажуваат дека најголем дел од богатите и успешни луѓе имаат кафеави очи.

Зелените очи се поретки од сините и кафеавите, па таквите мажи се сметаат за таинствени, имаат голема енергија и либидо. Тие сакаат спонтаност и импровизација.

Очи со боја на мед се оние очи кои еднаш се зелени, друг пат пак кафеави, зависно од расположението. Забавата и спонтаноста се главни карактеристики на мажите кои имаат вакви очи. Тие се разиграни и склони кон авантури, како во кревет така и во сите животни ситуации.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>