Top
sreka

Што е најважно за среќа?

Постојат различни нешта кои предизвикуваат среќа, но според експертите од Универзитетот Калифорнија постои едно нешто, без кое без разлика што друго имаме, не можеме да бидеме среќни. Тоа е благодарноста.

Ако сакате да бидете среќни едноставно мора да бидете благодарни за сите добри нешта кои ги имате во животот, без разлика дали тие се мали или големи. Професорот по психологија од овој универзитет, Роберт Емонс вели дека благодарноста ги активира мозочните системи кои влијаат поволно на нашата ментална и емоционална добросотојба. За да ја почувствувате благодарноста, доволно е еднаш неделно, на лист хартија да напишете само пет нешта за кои сте благодарни и кои ви се случиле неодамна, како на пример убава вечер со партнерот или дружење со пријателите. После некое време практикување на овој метод, ќе сфатите колку многу сте среќни, без да сте свесни за тоа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>