Top
romance

Што бараат мажите кај една жена според хороскопскиот знак?

Секој хороскопски знак има особини кои го прават поинаков од секој друг. Со оглед на фактот дека мажите и жените се два сосем различни светови, нивните особини многу се разликуваат.

Овен
Мажот роден во овој знак е добро граден, секогаш во убаво женско друштво. Кај жената ја сака женственоста и интелигенцијата. Особено ги цени жените кои умеат да комуницираат и кои не се плашат од нови контакти. Овенот е романтичен и добар љубовник.

Бик
Мажите од овој знак умеат да покажат љубомора и посесивност. Потешко е да ги заведете, за разлика од другите хороскопски знаци. Сакаат да бидат во среќна врска без компромиси, во која ќе ја бранат честа и сигурноста на избраничката.

Близнаци
Шармантните и интелигентни Близнаци од далеку ќе ги препознаете, а жените покрај нив секогаш мора да смислуваат нова забава и предизвици, бидејќи брзо сакаат промени.

Рак
Тие имаат силна поврзаност со својата мајка и затоа често бараат сериозна врска и се предадени на својата партнерка. Во жената најпрво ја здогледуваат убавината.

Лав
Независниот и харизматичен Лав многу лесно доаѓа во центарот на внимание кај жените и таму останува. Неговата партнерка мора да умее да ја разбере неговата страст за животот и да го охрабрува.

Девица
Среќни се кога жените покажуваат интерес за нивниот интелект. Главна маана им е недостатокот од самодоверба и од партнерката очекуваат приврзаност.

Вага
Со одлична смисла за хумор и шарм, Вагите се навистина добри љубовници. Кај жената прво ја бараат физичката убавина, па дури потоа доблестите кои ги поседува.

Скорпија
Мажите родени во овој знак се верни кон жената која им се допаѓа и имаат голем сексуален апетит. Тие едноставно уживаат во креветот, а физичката убавина кај жената секогаш им е на второ место.

Стрелец
Стрелецот нема ни ни малку љубомора и повеќе од сѐ ја цени слободата и довербата. Нема да ѝ замери на партнерката ако го запостави својот физички изглед, бидејќи тој не обрнува внимание на физичкото.

Јарец
Секогаш сака да има господарска положба, затоа никогаш не би барал жена со која ги дели истите амбиции. Зависниците од контрола, секогаш сакаат жени кои умеат добро да се однесуваат во друштво.

Водолија
Секогаш завршуваат со постара, поискусна жена која има разбирање за нивните соништа и склоноста кон тишината. Умеат да ја возвратат љубовта доколку се во искрена врска.

Риби
Чувствителните и интуитивни Риби секогаш бараат личност со која заедно ќе се спротивстават на сите животни неволји. Привлечни се и верни, а од жената очекуваат понекогаш таа да го направи првиот чекор.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>