Top
?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Што ако спиете помалку од 5 часа?

За да функционира организмот нормално, потребно му е доволно време на спиење. Во текот на спиењето нашето тело се регенерира и закрепнува. Недостатокот на сон може да доведе до многу здравствени проблеми, а еве што се случува ако спиете помалку од 5 часа.

  • Дебелина- лицата кои не спијат редовно или спијат кратко се склони кон здебелување. Причината за тоа е што мозокот не се одмара доволно и му праќа сигнали на организмот да собере повеќе енергија за нормална работа. Таа енергија е всушност храна, односно чувство на глад кое е присутно постојано кога сме хронично ненаспани. Докажано е дека ако спиете многу малку, следниот ден ќе внесете 300 калории повеќе во организмот.
  • Висок крвен притисок – телото се „ресетира“ за време на спиењето и ја враќа изгубената енергија. За тој процес му се потребни 6-8 часа. Лицата кои спијат по 5 часа или помалку, овие промени ги забележуваат веднаш. Една од нив е зголемениот крвен притисок, кој со текот на времето може да доведат и до срцеви заболувања.
  • Дијабетес – организмот е „машина“ која треба редовно да се одржува. Ако спиете малку, исцрпениот организмот не може правилно да ја регулира количината на шеќер во крвта и затоа постои опасност од појава на дијабетес тип 2.
  • Имунитет – за да биде отпорен на вируси и бактерии организмот треба да се негува.
  • Ментални пореметувања – кога се соочуваме со недостаток на сон веднаш стануваме мрзоволни и нерасположени. Таквото темпо на живот може да доведе и до депресија и низа ментални пореметувања.



Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *