Top
srodni dusi

Сродните души запишани во ѕвездите

Велат дека во ѕвездите се запишани и сродните души. Во Зодијакот постојат 6 парови за кои се верува дека се токму такви.

Овен и Близнаци
Убедливо највозбудливата комбинација во Зодијакот. Кога овие два темпераментни знаци ќе се спојат настануваат луди авантури кои ќе се паметат и прераскажуваат цел живот.

Бик и Рак
Овие знаци се сродни души во вистинска смисла на зборот. Двајцата сакаат комфор и многу се романтични. Сакаат да се грижат еден за друг и да внимаваат на својот партнер, па поради тоа создаваат вистинска совршена комбинација.

Лав и Вага
Знаци во Зодијакот кои во комбинација претставуваат совршенство. И двајцата се грижат за својот изглед и имаат потреба да бидат во врска. Освен што се привлекуваат со физичкиот изглед тие си одговараат и според темпераментот, се грижат еден за друг и прават најдобри журки во градот.

Скорпија и Девица
Најкомплицираните и најзатворените знаци всушност си одговараат бидејќи единствено така може едниот да го спушти на земја другиот и ги гледаат нештата од малку поинаква перспектива. Нивниот сексуален живот е навистина на завидно ниво.

Стрелец и Водолија
Двата најчудни знаци во хороскопот. Ова е најинтересниот пар во кој едниот секогаш го мотивира другиот да стигне до целта. Нивните разговори се неописливо забавни и секогаш најпрво се најдобри другари, а потоа сѐ останато.

Јарец и Риби
Јарец и Риби се стари сродни души во хороскопот, интровертни и комплексни. Секогаш ќе бидат во состојба да му помагаат на другиот, да откријат делови од себе кои претходно не ги покажале. Оваа комбинација ужива во една голема и долга љубов.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>