Top
ponedelnik

Справете се со тешкиот понеделник

Без разлика дали ја сакате својата работа или не, ние сме сигурни дека понеделникот не го сакате. Оваа листа ќе ви помогне барем малку да си го олесните моментот дека се соочувате со овој ден.

  • Фокусирајте се на најважните 3 нешта. Одвојте ги големите нешта и веднаш завршете ги, бидејќи на овој начин ќе се почувствувате подобро и ќе знаете дека ве очекува многу полесна недела пред вас.
  • Пуштете ја вашата омилена музика. Сигурно постои барем една песна која ја поседува моќта да го промени нивото на вашето расположение. Токму затоа најдете ја вашата и пуштете ја што погласно можете.
  • Движете го телото. Доволна ви е само 5-минутна прошетка за да го прочистите вашиот ум и да го започнете денот со многу енергија. Ако веќе имате можност и време, направете и неколку вежби за размрдување кои дополнително ќе ви ја зголемат енергијата.
  • Научете нешто ново. Најдобриот начин да се справите со досадата е да научите нешто ново. Без разлика за што станува збор, макар и да се зборовите на некоја нова песна, научете нешто што ќе ве инспирира да бидете покреативни во текот на целата недела.
  • Елиминирајте ги оние нешта кои ве спречуваат да се движите кон напред. Справете се веднаш со сите оние нешта кои ја исцрпуваат вашата енергија.
  • Смејте се! Потсетете се колку сте среќни во моментов на вашиот живот. Бидете благодарни за она кое го имате и уживајте целосно во секој момент од животот. Насмевката е лек за секој вид потешкотии.
  • Одвојте време да разубавите нечиј живот. Воопшто не е тешко некому да му се насмеете или пак, да му кажете нешто убаво.
  • Одложете нешто што е не е толку важно. Кога вие ќе замените нешто што не е толку важно, со нешто поважно, вашата енергија и почит кон себе автоматски се зголемува.
  • Совладајте непријатна задача. Многу придобивки се кријат зад вашите незавршени задачи кои толку многу време ги игнорирате.
  • Откријте што најдобро функционира за вас. Пронајдете ја онаа рутина која секогаш ќе биде успешна за вас и која ќе ви помогне најдобро да ја започнувате секоја нова недела.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>