Top
Son

Сонот е директно поврзан со успехот

Истражувањето спроведено во 11 европски земји, меѓу кои Хрватска, Литванија, Унгарија, Летонија, Естонија, Полска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Чешка и Словачка, на повеќе од 58000 испитаници покажало дека вработените лица кои спијат шест и помалку часа во текот на работната недела се повеќе се жалат на стрес на работа, чудни болки во телото и се напнати.

Најмалку спијат оние кои имаат просечна или подпросечна плата, додека пак најмногу спијат оние чии месечни приходи се поголеми од просечната плата во земјата каде што живеат.

Истражувањето довело до интересни заклучоци: оние кои спијат подолго и поквалитетно имаат повеќе шанси за напредување и за поголеми приходи, за разлика од оние кои си го кратат сонот. Исто така, оние кои спијат помалку се соочуват со повеќе проблеми на работното место, често размислуваат за отказ, анксиозни се и имаат проблем со концентрацијата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>