Top
Portrait Of A Funny Couple

Со кој хороскопски знак не си одговарате?

Меѓу другото, хороскопот открива кого иритирате, но и кој тип на личност на вас не ви одговара.

Овен
Овој знак е енергичен. Најмногу ги вознемирува емотивната Риба, која има силна интуиција и од нејзе не е можно ништо да се сокрие. Исто така Рибите се помалку во свој свет во кој нема одредени правила, а тоа е сосема спротивно од Овенот кој нема трпение за нивните изливи на емоции.

Бик
Друштво на Овенот најмалку ви одговара од сите знакови во Зодијакот. Овенот е нападен и експлозивен и побрзо ги остварува своите цели отколку стрпливиот и мирен Бик.

Близнаци
На опуштените и спонтани Близнаци најмалку им одговара друштвото на Бикот кој е понекогаш премногу озбилен и смирен.

Рак
Раковите се големи емотивци и често поради чувствата не можат разумно да ја согледаат реалноста. Енергијата на Близнаците не им одговара.

Лав
Лавовите немаат разбирање за емотивните Ракови. Ги збунува нивната истакната чувствителност и пасивност.

Девица
На скромните Девици им пречат нарцисоидните Лавови кои се жедни за пофалби и аплауз. Девиците, како за инает, постојано ќе им наоѓаат маани, а тоа на Лавовите им оди на нерви.

Вага
Вагите се преплашени од ладното, логично размислување на една Девица и нејзиното постојано планирање за секој чекор во животот. Вагите долго размислуваат за секоја ситуација, но им недостасува спонтаност како на Девиците.

Скорпија
На овој знак не му одговара друштво на шармантната Вага и може да се почувствува загрозено бидејќи е навикната да биде таа – таа која заведува.

Стрелец
Безгрижните и весели Стрелци најголеми се оптимисти во Зодијакот, па темните и мистични Шкорпии никако не им одговараат.

Јарец
Јарците се наклонети кон внимателно планирање и контрола на се. Највеќе им пречат Стрелците кои се спротивни од нив – повеќе ризикуваат во животот и веруваат дека се добро ќе се заврши.

Водолија
Тие живеат во свој свет, без премногу брзање и нервоза околу се. На љубезните Водолии никако не им се пријатни луѓето родни во знакот на Јарец, бидејќи се премногу рационални.

Риби
Рибите не можат да ги разберат непредвидливите Водолии кои се големи поединци и живеат само по свои правила. Романтичните Риби сонуваат за врска, додека на Водолиите најважна им е слободата а и самите на себе си се доволни.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *