Top
son

Што посакуваат жените повеќе и од сексот?

Живееме во стресно секојдневие во кое поминуваме многу прекувремени часови на работното место, имаме куп домашни оврски кои треба да ги извршиме на дневно, неделно и месечни ниво и низа семејни активности. Сигурно и вие едвај чекате да го опуштите телото во хоризонтална положба и наместо за секс со партнерот мечтаете за сон. Ако се препознавате во овој опис, не треба да се грижите бидејќи не сте единствени.

Devojka-spie-iLike-mk

Истражувањето кое го спровела американската теливизиска емисија “Today” на примерок од 1000 испитаници над 18 години дало интересни резултати. Според нив 58% од жените спијат помалку од 8 часа во текот на ноќта и тврдат дека им недостига сон и одмор. Оваа студија покажува дека 65% од жените би избрале да се наспијат наместо секс со партнерот.

Недостатокот на сон е поврзан со честите расправии помеѓу партнерите што неминовно води до губење на сексуалниот апетит. Дел од испитаниците, за недостаток на сон го обвиниле и опсесивното гледање на серии и филмови, или претерната количина испиено кафе.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *