Top
shopping

Шопинг или секс?

Научници од Универзитетот во Мичиген велат дека возбудата која ја имате за време на купување на нешто што ви се допаѓа дава исто добро чувство како сексот. Тие откриваат дека истиот дел од мозокот се активира во моментот на купување на омиленото нешто и за време на сексот.

Употребувајќи ја технологијата на следење на фацијална експресија, жена на возраст од 30 години била на шопинг во омилениот бутик. Во тоа време носела специјален уред што ја следел реакцијата на нејзиниот мозок и го мерел нивото на задоволство што го чувствувала. Врвот го достигнала откако пронашла панталони кои долго посакувала да ги купи.

„Одлучивме да ѝ го следиме мозокот, а не личноста. Имавме неколку испитаници кои ги испративме во продавници и ја следевме активноста на нивниот мозок. Откривме дека некои суптилни емоции управуваат со нашето однесување во текот на купувањето“, вели лидерот на студијата Скот Рик. Доколку издвоите премногу пари на некои работи, трошејќи ја целата своја заштеда, можно е да искусите сосема спротивни ефекти, велат истражувачите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>