Џордан Лејлс, кој живее во Сан Диего, во мај минатата година бил во Тенеси и одлучил да сними неколку фотографии додека шетал низ Националниот парк „Грејт Смоки Маунтаинс“.
Одејќи низ шумата се оддалечил од обележаните патеки и сосема случајно наишол на мистериозен град кој одлучил да го фотографира, а потоа да го сними. Џордан вели дека објектите се навистина морничави. На враќање неговото откритие го пријавил на вработените во паркот, а тие испратиле експертска екипа. Извештајот на експертите вели дека се работи за сосема мал дел од град кој функционирал пред повеќе од 100 години.
Одвојте време и погледнете го кусото видео снимено за стариот град.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!