Top
laptop

Секоја петта девојка го следи бившото момче од лажен профил

Секоја петта девојка после раскинување на врската настојува да контактира со бившото момче преку социјалните мрежи. Исто толку девојки признаваат дека креирале лажен профил на Facebook за да можат потајно да го следат. Ова се резултатите кои ги покажала студијата на британската компанија OnePoll.

Според резултатите од оваа студија околу 1/3 од жените останале пријатели на Faceboоk со својата поранешна љубов. Околу 48% од жените се изјасниле дека ќе ги прекинат сите можни контакти со нив. 18% од луѓето паѓаат во искушение да воспостават контакт со поранешниот партнер, за што се виновни социјалните мрежи, но сепак се задоволуваат со содржините тие ги објавуваат.

Социјалните мрежи овозможуваат и понатаму да ги следиме луѓето кои порано активно учествувале во нашите животи, но понекогаш тоа се претвора во вистинска опсесија. Психологот Михаел Синклер, вели дека едно е налетаме на фотографија или информација за бившиот, но друго е да се биде опседнат со тоа што тој прави бидејќи на тој начин сами оневозможуваме да продолжиме понатаму.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>