Top
5 minuti

Само уште 5 минути

Многу од луѓето често сакаат наутро да се излежуваат во креветот за да дремнат уште малку, односно барем уште 5 минути.

Науниците велат дека потребата од повеќе сон се крие во нашите гени. Во истражувањето учествувале 10 000 Европејци, вклучувајќи доброволци и од Хрватска, Холандија, Италија, Естонија и Германија.

Заклучокот од ова истражување бил дека на учесниците кои го имаат генот ABCC9, им треба околу 30 минути повеќе сон во текот на ноќта. Секој петти Европеец го носи овој ген, објаснуваат научниците од Универзитетот во Единбург и Универзитетот “Лудвиг Максимилијан” во Минхен.

Потребите од сон на луѓето можат значително да се разликуваат. Носителите на генот ABCC9 имаат потреба повеќе од 8 часа сон во текот на ноќта. Склоноста кон подолг или пократок сон често се пренесува во семејството, без оглед на фактот дека на количината на сонот може да влијае возраста, географската ширина, сезоната и дневно-ноќниот ритам.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>