Top
vezbanje

Редовното вежбање ја спречува депресијата

Експертите велат дека и малиот стрес кој се појавува секојдневно може да доведе до депресија и други нарушувања на расположението. Резултатите на истражувачите од Институтот Каролинска во Стокхолм покажуваат дека вежбањето помага во спречување на депресија поради ангажираноста на мускулите. Аеробните активности кај луѓето поттикнуваат лачење на ензимот ПГЦ-1алфа во мускулите, а научниците претпоставуваат дека овој ензим создава состојба која штити од депресија. Истражувачите избрале група возрасни доброволци кои поминале тринеделен тренинг на издржливост (возење велосипед или трчање со умерено темпо 40-50 минути). Тие направиле биопсија на мускулите пред и по пограмата и заклучиле дека после тринеделниот тренинг мускулите содржеле значително повисоко ниво на ПГЦ-1алфа. Токму тоа води до заклучок дека ризикот од депресија може да се намали со редовно вежбање.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>