Top
stari-ljubov

Редовниот секс e важен за зачувување на потенцијата

Мажите кои сакаат колку е можно подолго да останат во добра сексуална форма треба колку е можно почесто да практикуваат секс. Ова го тврдат тим стручњаци од Универзитетот Тампереа во Хелсинки.

До овој заклучок дошле врз основа на истражувања во кои биле опфатени 1000 луѓе на возраст помеѓу 55 и 75 години. Во ова петгодишно истражување се покажално дека испитаниците кои од самиот почеток имале редовен секс, биле изложени на помал ризик од еректилна дисфункција. За разлика од нив, голем број на испитаници кои признале дека нередовно имаат секс и дека апстинираат и по неколку недели, при крајот на истражувањето веќе пателе од еректилна дисфункција.

Иако во предвид се земени и годините на испитаниците, дијабетесот, срцевите и другите хронични болести, се испоставува дека редовниот секс е од клучно значење за зачувување на потенцијата.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *