Top
Seks_ili_plata_iLIke_mk

Редовен секс или повисока плата – што ве прави посреќни?

Едно неодамнешно истражување открива дека луѓето попрво би имале секс еднаш неделно отколку да заработуваат дополнителни 50.000 евра годишно. Но, важно е да се спомене дека ова зависи од тоа дали сексот е пропратен со прегратки и страс или не.

Што би ве направило посреќни: Да имате секс еднаш неделно или да заработувате повеќе?

Истражувањето се сочинувало од неколку одделни експерименти. Учествувале љубовни парови на кои им биле поставувани прашања поврзани со тоа колку често имаат секс, колку се задоволни од животот и колку често се бакнуваат, прегрнуваат и разменуваат нежни допири. Резултатите покажале дека освен што редовниот секс навистина го подобрува расположението, нежните допири исто така ја зголемуваат среќата кај луѓето. Со други зборови, многу е важно дали се прегрнувате и милувате после сексуалниот чин.

Заклучокот е дека навистина постои врска меѓу зачестениот секс и позитивните емоции. Повеќе секс води кон повеќе среќа, но само ако постои љубов и нежност меѓу сексуалните партнери.

Според тоа, можеби навистина вреди да ги замените дополнителните 50.000 евра годишно за секс еднаш неделно, но само ако сексот е навистина добар и придружен со многу бакнежи и прегратки.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *