Top
Bukvata-go-otkriva-vasiot-karakter-iLike-mk

Првата буква од името го открива карактерот

Велат дека постои поврзаност помеѓу првата буква од вашето име и вашиот карактер, а дали тоа навистина е така, проверете сами.

А – Грижливи, вредни работници, сакаат комфор и уживањето. Се трудат да бидат материјално обезбедени, па најчесто работат добро платени работи. Сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Б – Понекогаш претерано чувствителни. Талентирани се, па затоа најчесто се успешни уметници и научници. Имаат постојана желба за патување. Нивните љубови се бурни, но и фатални. Имаат тежок карактер.

В – Верни личности кои се во потрага по вечна љубов. Сакаат силно и страствено. Внимателни се, добри огранизатори и имаат силна интуиција.

Г – Педантни луѓе кои сакаат сѐ да е на свое место, чисто и уредно. Внимаваат на деталите. Сакаат да бидат влијателни во друштвото, но славата не ги интересира. Сакаат кога се чувствуваат сигурно и заштитено.

Д/Ѓ – Самостојни личности. Сакаат да имаат сопствен мир и слобода и најмногу уживаат во својот дом. Кога нешто сакаат се трудат да го добијат што побрзо, затоа што имаат силен карактер.

Е – Добро промислени и детални личности. Проблемите знаат да ги согледаат од секој агол и да го пронајдат вистинското решение. Одлични се на работно поле и успешни во контактите со луѓето.

Ж – Не се личности кои сакаат изненадувања и неизвесност. Сакаат однапред утврдени планови. Практичари се. Имаат мал круг на пријатели.

З – Личности со силен карактер – одговорни, интуитивни, промислени, но понекогаш дури и затворени за најблиските. Тука се кога треба да помогнат, но очекуваат благодарност.

Ѕ – Самоуверени и сигурни во себе, понекогаш дури и егоисти. Но, сето тоа добро им се исплати на работното место. Бараат љубов која може да ги разбере, но не и да ги промени. Добро се снаоѓаат со пари.

И – Емпатични, добри и практичари. Креативни се дури и во секојдневните активности. Добри се во цртање, пишување, имаат дарба за музика и се чести уметници.

Ј – Вечни деца. Нивната појава е впечатлива и имаат големо срце. Родени се со карактеристики на лидер. Со нив никогаш нема да ви биде здодевно затоа што се динамични и способни буквално за сѐ.

К – Тајни личности кои ретко се претставуваат во вистинското светло. Имаат мал број на пријатели, но само затоа што тие така сакаат. Најубаво им е во сопствениот свет.

Л/Љ – Личности кои сакаат да си угодуваат на себе. Сакаат квалитет и удобност во секојдневните работи. Некогаш се тешки за комуникација затоа што се постојано загрижени и вечни песимисти.

М – Љубители на природата. Одговорни се, но понекогаш знаат да избегаат од реалноста и одговорностите за да си овозможат задоволство. Често се срамежливи и негрижливи за луѓето во нивна околина.

Н/Њ – Родени како бунтовници. Не сакаат авторитет, ниту наредување. Имаат остар ум и секогаш се самокритични. Посветени се на работата дури и кога не го работат она што не го сакаат, сè додека им носи заработка.

О – Перфекционисти. Желни се за почит и признанија. Конзервативни се, семејството им е на прво место и се трудат да бидат погрижливи за најблиските.

П – Личности кои го живеат животот со полни гради. Сакаат патувања и возбудливи авантури. Живеат за слава и популарност. Жедни се за големи достигнувања.

Р – И кога молчат, тие се во центарот на вниманието. Ова се храбри, самоуверени личности. Имаат цврст став и со нив не вреди да се расправаш за ништо. Она што го наумиле, ќе го остварат.

С – Лица на кои најважна им е материјалната безбедност. Кај нив амбициите се најизразени, а од друга страна, во љубовта се несигурни и најчесто несреќни.

Т – Интуитивни, креативни личности кои уживаат во сопствениот замислен свет. Ја обожаваат модата и егзотиката. Принципиелни се и го одржуваат дадениот збор.

Ќ – Тажни и меланхолични. Сакаат да ги почитуваат правилата, па се одлични работници. Никогаш не би правеле нешто без љубов.

У – Родени авантуристи. Сакаат патувања и постојано работат на своето воздигнување и духовен развој. Никогаш нема да работат нешто без љубов, без оглед на тоа колкаво богатство би им донело.

Ф – Огромни индивидуалци. Знаат вешто да ги чуваат своите интереси. Не сакаат да должат било што и не ги забораваат услугите кои ги направиле за некој друг. Одговорни се и благодарни.

Х – Сакаат да бидат во центарот на вниманието и заради тоа се подготвени на сѐ, вклучувајќи и негативни работи. Знаат да се снајдат во секоја ситуација и со задоволство ги прифаќаат критиките.

Ц – Луѓето ги доживуваат како брбливци на кои јазикот им е побрз од паметот, но зад тоа се кријат вешти манипулатори. Инаку се нежни, секогаш подготвени да ги споделат своите тајни.

Ч – Препознатливи по аристократското, елегантно држење. Достоинствени се и педантни, смирени и добро образовани. Во ниту еден момент не подлегнуваат на провокации.

Џ – Брзи, енергични, полни со живот. Подготвени се да помогнат, да соработуваат, да се дружат. Не можат да си го замислат животот без предизвици и пријатели. Работата ја гледаат како извор на пари, не како задоволство.

Ш – Скромни личности со добра смисла за хумор. Расположението постојано им се менува, па затоа лесно забораваат. Верни се и одлични пријатели.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *