Top
Diet-Tricks-Dont-Work

Промени во животните навики за брзо губење на килограми

Доколку сакате да изгубите некој килограм не мора да држите строга диета која во рекордно брзо време гарантира резултати. Наместо тоа, направете мали промени во животните навики. Помеѓу нив задолжително вклучете ги оние за кои ќе прочитате во продолжение.

Запишувајте
Најчесто не сме свесни колку јадеме и пиеме во текот на денот, помеѓу главните оброци. Токму во таквата рутина се кријат бројни непотребни калории поради кои се дебелееме и не можеме да ослабнеме. На крајот на секој ден на лист запишете што сте јаделе и пиеле во текот на изминатиот ден. На тој начин ќе станете свесни за своите лоши навики од кои можете да се ослободите.

Домашни обврски
Домашните обврски ни задаваат вистинска мака. Со оглед на тоа дека морате да ги извршите, гледајте позитивно на нив. Кога ќе започнете да чистите, правете го тоа со помош на омилената музика со брз ритам. На тој начин ќе се движите побрзо, а секое дополнително клекнување или движење претставува вежба на телото која е корисна.

Качување по скали
Просечно секој од нас дневно поминува по 10-тина скали. Тие се неверојатно делотворни во трошењето на калории. Токму затоа, секаде каде има скали и лифт, изберете ја првата опција.

Паркирање
Пешачењето до работното место или трговскиот центар е поздраво отколку возењето со автомобил до нив. Тој можеби заштедува време, но многумина и поради оддалеченоста се приморани да го користат. Но, токму затоа, не паркирајте најблиску до саканата дестинација, туку 2-3 улици подалеку од истата.

Џвакање на храната
Кога сме гладни или кога пред нас е послужена омилената храна, побрзо џвакаме. На тој начин внесуваме многу повеќе храна, што значи и повеќе калории. Пред да започенете да јадете, напијте се голема чаша вода, а храната џвакајте ја колку е можно побавно.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *