Top

Промени кај жените кои родиле ќерка

Кај жените кои родиле ќерки се случуваат одредени промени после кои ништо повеќе нема да биде исто. Општо, родителството нѐ менува, а како ќе изгледа тоа зависи од тоа дали сме мајка на момче или девојче. Девојчињата обично се помирни, понежни и почувствителни и токму поради тоа се случуваат промените кај мајката.

Мајката станува уште понежна
Многу жени, кога ќе добијат ќерка, откриваат своја уште понежна страна. Чувствуваат внатрешен мир и спокој какви немале до тогаш. Како поминува времето, сфаќаат колку всушност се промениле и дека повеќе немаат потреба од непредвидливи и возбудливи нешта како порано. Посакувајќи го најдоброто за својата ќерка, жената ќе почне да ја преиспитува секоја своја одлука. Нејзината ќерка ќе биде причина поради која ќе посака да се смири и поради која ќе го засака тој внатрешен мир.

Внимава на креирањето на слика за сопственото тело
Секоја жена има несигурност за своето тело, моменти кога не се чувствува добро во својата кожа, кога сака да биде послаба, да има потенок струк или поголеми гради. Помислува, а и изговара на глас колку е незадоволна од своето тело, но кога на свет ќе ја донесе својата ќерка, ќе внимава што говори пред неа. Последно нешто што мајката сака е нејзината ќерка да мисли дека мора да изглед на одреден начин за да биде среќна и задоволна.

Ќе запознае нови стравови
Свесна за опасносите кои ги следат жените, како ќе расте нејзината ќерка, така ќе расте и стравот на мајката за иднината на својата ќерка, во свет во кои една од шест жени е жртва на обид или извршено силување. Мајката во секој момент се грижи за сигурноста на своето дете и сака да го заштити од секое зло.

Станува похрабра
Храброста подразбира искажување на своето мислење без стравување што другите ќе мислат за тоа, завземање став дури и кога тој се разликува од мислењето на повеќето, поставување граници во односот со луѓето и посакување добро, за себе и луѓето околу себе. Знаеќји дека нејзината ќерка ќе учи од однесувањето на својата мајка, таа ќе биде храбра на начин на кој би сакала и нејзината ќерка да биде еден ден. Ќе стреми кон остварување на своите цели многу поодлучно отколку порано и ќе ги прифати ризиците да не успее. Ќерката ќе научи од својата мајка како жената треба да ги следи своите соништа.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *