Top
woman-stressed-at-work-iLike-mk

Прочитајте со што не би требало да се занимавате според хороскопскиот знак

Астролозите ви откриваат за кои нешта или професии не сте талентирани. Или пак, поумерено кажано кои професии би требало да ги избегнувате бидејќи со истите нема да ги остварите посакуваните резултати и нема да доживеете успеси.

ОВЕН
Би требало да избегнувате сè што е мирно, пасивно, без секојдневни предизвици. Таму каде што нема акција, за Овните нема ни живот. Ако се обидувате да работите нешто поради некој друг, или затоа што некој така ви рекол, а при тоа не почувствувате дека и вие тоа го сакате, успехот ќе изостане.

БИК
Брзината е нешто со што Биковите тешко се справуваат. Сите работи кои се возбудливи и кои што треба да се завршат во најкус можен рок главно ќе ги онеспособат и ќе ги доведат до лудило. Ако не постои гаранција дека по завршената работа нешто ќе добијат, Биковите ја губат мотивацијата за работа.

БЛИЗНАЦИ
Долготрајните работи и активности каде што е потребна темелност ќе ја убијат волјата за работа кај Близнаците. Сè што е со маратонски карактер, или е малку интересно, ним нема да им одговара. Ќе ги уништи било каква активност ако не може да комуницираат.

РАК
Активностите како што е механиката, како и оние во кои што не може да се покаже барем минимум човечка активност, Раковите ќе ги направи несреќни. Всушност тие може да издржат благодарение и на својата природа, но само некое време додека водата не им дојде до грло. Тогаш обично доаѓа до проблем. Ако во она што го прават нема срце, тогаш нема ниту среќа за Раковите.

ЛАВ
Работите кои што се отфрлени, далеку од очите на другите, или што се осамени, ќе го уништат секој Лав. Работата во институции од затворен тип како болници, затвори, лаборатории, строги институции или слично, за нив ќе изгледаат како ноќна мора.

ДЕВИЦА
Таму каде што работите се генерализираат и се носат општи заклучоци Девицата потполно ќе се изгуби. Иако во душата е перфекционист, ќе се обиде да се прилагоди кон сè и сешто, но за неа ќе биде вистинска мака ако треба да покаже способност за поминување преку ситници или да ги занемари неважните работи.

ТЕРЕЗИЈА
Секоја дејност која што е груба, сирова, грда или каде што треба да се покаже агресивност, на Терезиите ќе им предизвика губење на земјата под нозете. Осамените работи не им лежат. Тие секогаш се за соработка.

СКОРПИЈА
Ако нема провокации, за Скорпиите е како јадење без сол. Ако влезат во секојдневие ќе бидат уништени. Ќе се обидат самите да смислат нешто со што ќе предизвикаат борба. Работите кои што течат мирно, разработено, без предизвици и динамика, не се за нив.

СТРЕЛЕЦ
Сè што нема длабочина, височина, ширина и далечина ќе го уништи секој Стрелец. Нивните активности мораат да ги вклучат сите димензии, како и можности за развој на подолги и непредвидливи патеки. Ним им е потребна слобода, а ако работата е монотона и предвидлива без можности за ширење и движење, подобро е да не работат.

ЈАРЕЦ
Вистина е дека Јарецот може да издржи многу, но сепак нивната активност треба да биде таква што ќе му дава можност да напредува. Ако низ одредена дејност не види дека може да ги оствари амбициите, Јарецот нема да биде среќен.

ВОДОЛИЈА
Ако се одлучат за нешто што е ковенционално, речиси е сигурно дека ќе промашат. Нивната оригинална природа секогаш ќе бара нешто ново и секоја разработена, предвидлива или традиционална работа, за нив е промашување. Некои прават компромиси воведувајќи новини во старите работи, што не е лош потег.

РИБИ
Сите дејности во кои се бара уредност и прецизност ќе ја упропастат секоја Риба. Областите каде што треба да се покаже смисла за детали не се во нивен домен. Ако дејноста е разработена без фантазија и креација, кај нив најверојатно ќе предизвика депресија.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *