Top
Придобивки од читањето книги

Придобивки од читањето книги

Причините зошто да читате повеќе книги не се ограничени, ги има многу, но ќе издвојам само неколку работи кои мислам дека ќе ви се допаднат и кои што се наоѓаат на врвот за да ве мотивираат да појдете набрзина до најблиската библиотека и да си изберете една книга, па да седнете и стрвно да ја изгрицкате до крај.

Сте се почувствувале ли некогаш дека вашиот речник е толку сиромашен што се забележува огромна „дупка“ при разговор со други луѓе? Секако дека ова им се случило на многумина. За да ги развиете вашите вербални способности, дефинитивно најдобро решение е книгата. Иако не ве прави секогаш подобри за комуникација, оние кои читаат имаат предиспозиција да се збогатат со поголем речник на изразување, а воедно и да ги експресираат нивните чувства. Си велите понекогаш : „Леле, требаше да ја завршам оваа работа, но немам концентрација“, па ја оставате незавршена? Вложувајте во вашиот фокус и концентрација преку читање бидејќи ако целосно се “затворите“ со вашата книга, вие го избегнувате надворешниот свет и се внесувате во книгата и текстот, па така ја зголемувате вашата концентрација. Истражувањето направено од НЕА објаснува дека луѓето кои читаат за задоволство, се оние кои повеќе се истакнуваат со нивниот став. Исто така, оние кои имаат голема љубов кон книгата, се активни партиципанти во светот, во волонтирањето и во здруженијата за помош. Ако чувствувате дека ви фали малку имагинација во вашиот свет, дали има подобар начин да одлетате во него од книгата? Таа го опишува светот само во неколку страници, како што вие не можете да го опишете во цел роман. Читајќи напишан опис за некое место, вашиот мозок е одговорен за креирање на слика во вашата глава, наместо да имате слика како на вашиот телевизор. Дали ви е исто така, мотивација, да знаете дека ако читате повеќе книги, ќе станете попаметен човек? Вие станувате поздрав човек, поинаков, посебен.

Читањето ви дава можност да конзумирате голема количина на нови информации и да направите онакви промени во вашиот живот какви што ви се потребни. Во другите очи вие ќе станете една поинтересна и поатрактивна личност, ќе имате библиотека од информации кои можете да ги избирате за да ги искажете вашите способности дека вие не сте обична личност, а необичното секогаш привлекува нели? Ќе ја имате онаа можност да започнувате теми на разговор и да го одржувате, без тоа наместо да се извините и да си заминете. Ако исто така чувствувате дека имате проблеми со вашиот стрес, контактирајте ме, имам добри предлози за книги. Ова е забава, открјте се и креирајте се себеси со читање повеќе книги и запомнете: ако некогаш ви треба нешто убаво и не толку скапо за да сте задоволни, книгата е најдобриот избор. Топло кафе со цимет, колачиња, удобна фотелја и книга се мојот избор за денес. Имајте пријатен ден.

Автор: Ивана Петковска




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *