Top
kora_od_portokal

Придобивки кои ги носи кората од портокал

За портокалот знаете дека е корисен, како за здравјето, така и за убавината. Но, дали сте слушанале и за следниве придобивки од кората од портокал?

Кората од портокал е богат извор на растителни влакна
Во 100гр кора има 10,6 грама растителни влакна, кои овозможуваат здрав систем за варење, го регулираат нормалното празнање на цревата, вклучувајќи појава на запек, гасови и надуеност.

Содржи витамин Ц
Овој витамин игра многу важна улога во зајакнување на имунолошкиот систем и ве прави отпорни на вируси и настинки. Ова е особено важно во зимскиот период, познат како сезоната на грипови и настинки.

Кората од портокал е богата со калциум
Калциумот е важен минерал кој има клучна улога во здравјето на коските, здравјето на срцето, мускулите, нервите и забите. Во 100гр кора од портокал се наоѓаат 161 милиграм калциум.

Кората од портокал е богата со флавоноиди
За флавоноидот е познато дека е многу корисен за нашето здравје. Најголема концентрација во кората од портокал има од хесперидинот, соединение кое е познатои дека има антиоксидансни, антибактериски, антигабични, антивирусни, антиканцерогени и аналгетички својства.

За борба против мамурлак
Направете една смеса од кората од портокал и сол во водата, мешавина која ќе врие околу 20 минути и може да ги намали класичните симптоми на мамурлак (главоболка, вртоглавица, нагон на повраќање).




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>