Top
Pojadok

Прескокнувањето на појадокот е штетно за здравјето

Британските научници дошле до заклучок дека луѓето кои не појадуваат, подоцна во текот на денот, бараат пообилна, покалорична храна.

Со испрашување на 21 лице, тие дошле до заклучок дека мозокот повеќе го привлекува храната доколку се прескокне појадокот и дека тие луѓе потоа јадат повеќе за ручек, пренесува Би-би-си.

Научниците предупредуваат дека прескокнувањето на оброците им отежнува на луѓето бидејќи луѓето секогаш бараат и земаат повеќе калорична храна, а нутриционистите тврдат дека појадокот е важен во диетите бидејќи го ублажува апетитот во текот на денот.

На испитаниците кои сите имаат нормална тежина во два наврати им покажале фотографии од висококалорична храна, кога појадувале и кога го прескокнувале појадокот. Резултатите од магнетната резонанца покажале дека мозокот бил „понаклонет“ на калорична храна во денот кога не појадувале.

Гладувањето ги прави луѓето погладни
Кога на испитаниците им бил понуден ручек, на денот кога го прескокнале појадокот, испитаниците јаделе една петтина повеќе калории од вообичаеното. Тони Голдсон од Империјалниот колеџ во Лондон рече дека студијата покажала дека „гладувањето ги прави луѓето погладни и го зголемува задржувањето на калорична храна и влијае на количината на јадената храна“.

Нутриционистката Кетрин Хенки од Универзитетот во Глазгов рече дека истражувањето покажало дека појадокот „го намалува апетитот“, бидејќи го стабилизира нивото на шеќер во крвта. Научниците најавија дека ќе спроведат слична студија меѓу дебели луѓе, за да видат дали нивниот мозок реагира слично.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>