Решението за психолошките проблеми и стрес на моменти е навистина многу едноставно и е во човечките раце.
Научно е докажано дека држењето за рака и гушкањето може значително да го намали стресот.
Било спроведно истражување на парови кои десет минути се држеле за рака, а потоа се гушкале дваесет секунди, додека втората група мирно одмарала без меѓусебно допирање. Потоа биле замолени да зборуваат за некој настан од минатото кој ги налутил. Оние кои што не се гушкале имале зголемен крвен притисок и забрзано срцебиење, а кај оние другите тоа воопшто не се случило.
Со нежна пријателска или романтична прегратка се стимулираат нервните завршетоци, мозокот испраќа смирувачка порака и го забавува ослободувањето на кортизол (хормонот на стрес).
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!