Top
hrana-na-pod

Правилото за храна „5 секунди“

Научниците на Универзитетот Рутгерс одлучиле да го тестираат добро познатото правило „5 секунди”. Имено, според него, храната која паѓа на подот може да се подигне во првите пет секунди и да се јаде.

Една нова студија на Универзитетот Рутгерс покажува дека треба да бидеме побрзи. Бидејќи голем број на бактерии ја напаѓаат храната за помалку од една секунда. Научникот Доналд Шафнер вели дека правилото на 5 секунди е премногу едноставно решение за она што навистина се случува кога бактериите од подот ќе ја допрат храната. Со истражување на одредени видови на храна кои ја допираат површината на подот, истражувачите велат дека храната колку подолго период е на подот – толку поголем број на бактерии ја напаѓаат. Според тоа правилото „5 секунди” се однесува различно во различни ситуации во зависност од нивото на чистота на подот. Несомнено, ќе треба да бидете навистина брзи ако сакате храната да биде безбедна за јадење.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *