Top
sreken-zivot

Правила за подолг живот

Новата студија на “American Heart Association” покажува дека доколку се придржувате на неколку животни правила, ќе успеете да спречите заболување од рак и болести на срцето. Како што велат научниците, никогаш не е доцна да започнете да применувате здрави навики.

Истражувањето првично било спроведено за превенција од кардиоваскуларни болести, но сепак довело и до сознание дека придржувањето на овие здрави навики го спречува и развојот на рак.

Седумте правила за здрав живот се: физичката активност, одржување на телесната тежина, здрава исхрана, одржување на нивото на холестерол, контрола на крвниот притисок, контрола на шеќерот во крвта и откажување од тутун.

Резултатите од истражувањето покажуват дека придржувањето на шест до седум правила го намалува ризикот од разболување за 51%, придржувањето на четири правила за 33%, а придржувањето кон само едно или две правила до 21%.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *