Top
Kuche-kako-podarok-iLike-mk copy

Практикувајте да подарувате миленичиња секојпат кога има услови за тоа

Топлината во домот што можат да ја донесат миленичињата е посебна магија за секое семејство, па вреди да размислите дали имате некој близок кого можете да израдувате со ваков подарок.

Кога родителите одлучиле дека веќе нема да го прошируваат семејството, или пак некој член од семејството живее сам или долго време проаѓа сам, постои почетна основа да размислувате за подарок кој ќе измами солзи.

Од друга страна, мора да бидете уверени дека на миленичето ќе му бидат задоволени потребите за живот, односно дека лицето или семејството каде што го давате вашиот подарок нема да се откаже од него и да го остави на улица. Исто така, добра идеја е да спасите некое милениче од државните стационари и да вдомите милениче кое преку здруженијата за заштита на животните го бараат патот до срцата на своите нови пријатели. Најчесто вака добиените миленичиња се прочистени од паразити и вакцинирани, што е една грижа помалку за вас.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *