Top
SANTA-CLAUS

Помалку познати факти поврзани со Нова Година

Дали сте знаеле дека најголемата новогодишна елка била висока 67 метри? А, дали знаевте дека ирвасите на Дедо Мраз се женки, а не мажјаци?!

1. Норвешките научници изнесоа хипотеза дека помошникот на Дедо Мраз, ирвасот Рудолф, има хронично црвен нос поради паразитска инфекција на респираторниот систем.

2. Секоја година во светот за време на празниците по пошта се испраќаат повеќе од 7 милијарди честитки.

3. Германци ја направиле првата вештачка елка, а за тоа користеле пердуви од угинати гуски.

4. Иако имаат машки имиња, ирвасите кои му помагаат на Дедо Мраз многу веројатно е дека се женки бидејќи мажјаците ирваси ги губат роговите пред зимата.

5. Благодарение на разните временски зони во светот, Дедо Мраз има точно 31 час да ги достави сите подароци на децата, а според пресметките на научниците, за да се постигне тоа, мора да посети по 823 домови во текот на една секунда.

6. Само во САД во просек 6000 луѓе завршуваат во болница поради повреди настанати при украсувањето на куќите, елките и дворовите за Божиќ.

7. Според Гинисовата книга на рекорди, најголема новогодишна елка во историјата била висока 67 метри и била поставена во еден трговски центар во Сиетл.

8. Трите традиционални бои за Божиќ се црвена, зелена и златна. Црвената ја симболизира крвта на Христос, зелената го означува повторно раѓање, а златната боја богатство и неговото благородничко потекло.

9. Последните денови од декември се најпопуларни за прекинување на љубовни врски. Поголемиот број од оние што ги прекинуваат врските се со образложение дека сакаат да пронајдат нова „забава“ на празничните прослави.

10. Новогодишните елки обично се стари околу 15 години, пред да бидат продадени.

11. Ликот на Дедо Мраз е осмислен врз основа на вистинискиот лик на Св. Никола од Мала Азија, кој живеел во четвртиот век.

12. Песната „White Christmas“ на Ирвинг Берлин се смета за најпродаван празничен сингл на сите времиња.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>