Top
prijateli

Половина од вашите пријатели не ве сметаат вам за свој пријател

Една неодамнешна анкета дошла до податоци дека ние дури и не знаеме кои се нашите пријатели.

Само 50% од нашите пријателства се искрени, што значи дека 50% од луѓето што ги вклучуваме во нашите животи не нè искусуваат како нивни пријатели.

Анкетата вклучувала 84 испитаници на возраст од 24 до 38 години. Резултатите од истражувањето покажале дека повеќето луѓе претпоставуваат дека некој што го сметаат за пријател и нив ги смета за пријател. 94% од испитаниците сметале дека ќе им се возврати со иста мера. Истражувањето покажа дека половина од овие пријателства не се искрени.

Таквите резултати од истражувањето може да имаат врска со фактот дека многу од нас не се сигурни како всушност да го дефинираат пријателството.

Психолозите потврдиле дека постојат различни слоеви на пријателства, и дека не сите сме способни да ги развиеме сите слоеви на таков однос, па резултатите од истражувањето го имале овој исход.

Се верува дека секој од нас може да има до 5 блиски пријателства!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *