Top
Zaednichkoto-peenje-smiruva-iLike-mk

Пеењето со пријателите ја намалува анксиозноста

Заедничкото пеење има силно позитивни влијание на ментално здравје, покажа најновата студија од Унверзитетот Абант Изет Бајсал во Турција.

Една група луѓе се согласиле заеднички да пеат еден час во хор, додека друга група не правеле ништо за време на тој час. Истражувачите го мереле нивото на анксиозност и нивото на ензимот амилазе, кој се користи како маркер за воспаленија.

Кај оние кои се пријавиле за пеење, научниците откриле намалување на нервозата и вознемиреноста, додека луѓето во другата група искусиле повеќе анксиозност и негативни ефекти пред и по периодот од еден час.

Претходните истражувања откриле дека пеењето во хор не е поврзано само со психичкото, туку и со физичкото здравје бидејќи доаѓа до покачување на нивото на кислородот во крвта, се намалува стресот и се подобрува здравјето во целина. Исто така, пеењето придонесува за подобра концентрација и ја подобрува работата и го зајакнува чувството на заедништво.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>