Top
patuvanje-horoskop-ilike-mk

Патувајте според вашиот хороскопски знак

Астролозите тврдат дека одредени градови се под влијание на хороскопските знаци. На пример, Берлин е под влијание на овен, Рим под лав, а пак, Њујорк под ѕвездите на хороскопскиот знак водолија. Според тоа, астролозите предлагаат каде да летувате според вашиот хороскопски знак.

Овен
На патувањето секогаш е во акција и секогаш прв презема иницијатива и организација. Овенот сака динамични места како Берлин, Камбоџа, Непал и Мексико.

Бик
Бикот сака комфор. Не е подготвен на ризик и не се чувствува сигурно на непозната територија. Важни му се кулинарските доживувања, па со задоволство ги посетува дестинациите како Болоња, Даблин, Парма, Цирих, Мајорка, Монако и Израел.

Близнаци
Сакаат разноличност, со задоволство патуваат, а честопати се учесници на едукативни патувања и натпревари во странство. Сакаат да запознаваат нови луѓе и одлично се снаоѓаат во места како: Лондон, Буенос Аирес, Египет, Данска, Норвешка, Тунис и Турција.

Рак
За ракот важи мотото: “Колку поедноставно и поудобно – толку подобро”. Раковите ги фасцинира природата, а на патувањето сакаат да се чувствуваат како дома. Иделани дестинации се Милано, Амстердам, Венеција, Аргентина, Тајланд и Виетнам.

Лав
Лавот е во потрага по луксуз. Сака да го третираат како крал, сака авантури и подготвен е на патувањето да потроши повеќе пари отколку што би потрошиле сите останатите знаци. Најдобро се снаоѓа во големи и развиени градови. Совршен сплет од уживање и забава му пружаат Лос Анџелес, Чикаго и Рим.

Девица
Девиците преферираат однапред испланирани патувања, до најситен детаљ. Многу внимание посветуваат во планирање на трошоците. Девиците сакаат чистота и хигиена, а најсреќни се кога на патувањето можат да направат нешто добро за своето здравје. Сакаат градови како Базел, Бостон, Лион.

Вага
Вагата сака класична убавина, места со природни богатства, културна понуда и атмосфера на улиците.
Оваа совршена комбинација ја има во Хонг Конг, Лисабон, Копенхаген, Шангај, Виена и Нов Зеланд.

Скорпија
Бара мистични дестинации, таинствени локации и возбудливи ситуации. Сè што ја разбудува нивната фантазија. Токму поради тоа скорпиите одлично се чувстввуаат во Ливерпул, Минхен, Токио, Вашингтон, Хрватска, Либанон, Мароко, Шпанија и Унгарија.

Стрелец
Стрелците имаат космополитски дух. Патуваат со особено задоволство. Секаде се чувствуваат како дома, лесно стекнуваат пријателства и одлично се ориентираат. Сакаат да разгледуваат земји како Финска, Австралија, Кенија, Перу и Шведска.

Јарец
Тие едноставно не сакаат да патуваат. Тешко се одлучуваат да го напуштат својот дом, но кога конечно ќе се решат да го сторат тоа, преферираат класични дестинации. На патувања одат ретко и истите сосем кратко траат. Им одговараат дестинации како Охсфорд, Москва, Варшава, Чешка и Јужноафриканската Република.

Водолија
Бараат возбуда и градови кои никогаш не спијат. Сакаат разноликост, па патувањата ги користат и за шетање, за пикник, за разгледување културни знаменитости, посета на ресторани, концерти и претстави. Богата понуда каква што сакаат водолиите има во Њујорк, Сан Франциско, Сиднеј и Русија.

Риби
Не можат да замислат летување без море. Ги опушта погледот во далечнина, мирот, романтиката, залезот на сонцето и природните убавини. Совршени дестинации се: Сантјаго де Компостела, Севиља, Ерусалим, Бангкок, Португалија и Шри Ланка.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *