Top
letuvanje

Паровите се караат најмалку два пати во текот на летување

Поголем дел од мажите и жените кои се во врска признаваат дека се караат најмалку два пати во текот на летувањето.

Летувањето е време за одмор и релаксација, но и покрај тоа тензиите меѓу партнерите не исчезнуваат. Интересно е дека јаболкото на раздорот за време на одморот најчесто е костимот за капење. Според новото истражување, премногу отворените костуми за капење на жените, предизвикува погледи од мажите на целата плажа. Тоа ги „полудува“ близу 2/3 од мажите, кои признаваат дека љубомората за време на одморот на море им ескалира.

Втората најчеста причина за расправии за време на летувањето е желбата на мажите да патуваат и да разгледуваат различни места, додека понежниот пол претпочита лежалки до вода. Третата причина за неодобрување на жените е прекумерната употреба на алкохол од страна на нивните партнери.

Истражувањето покажува дека 79% од двојките се караат најмалку два пати во текот на двонеделниот одмор. 62% од испитаниците изјавиле дека се расправаат секој ден, а 6% од двојките дури и резервираат различни соби за време на летниот одмор.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *