Top
Strast

Парови во Зодијакот кои ги одржува само страста

Луѓето кои немаат многу допирни точки, честопати знаат да се најдат во стравствена авантура. Но, како изгледа животот на тие хороскопски знаци кога авантурата ќе прерасне во нешто повеќе?

Овен и Вага
Уште на прв поглед е јасно дека овие знаци се два различни светови. Овенот е тврдоглав, упорен и добро знае што сака, а Вагата има проблеми со носењето на одлуки. Освен тоа, таа е мирољубива и тактична и не е склона кон кавги, додека тој сите проблеми и несогласувања ги решава со викање и кавга.

Неа не и се допаѓа неговиот бурен темперамент, непромисленост и нагла природа, додека тој и замерува поради нејзината инертност и неодлучност и смета дека не е искрена. Шармантната и толерантна Вага сеогаш се грижи за другите и ги согледува сите аспекти на една приказна, за разлика од овенот кој е насочен исклучиво кон себе и своите потреби и не се замара со туѓите мислења, па поради тоа често го обвинуваат дека е себичен.

И покрај сите разлики во карактерот, овие два знаци често се среќаваат во животот. Привлечноста која постои помеѓу нив е толку силна, што неретко се заљубуваат и остваруваат љубовна врска. Но, проблемите настануваат откако ќе спласне почетната страст и на површина ќе испливаат нивните различни карактери.

Бик и Скорпија
Двата знака се упорни, тврдоглави и не сакаат да се откажат од своите начела, но главната разлика е што Скорпиите се помудри и тактичари, додека Биковите некогаш водат инат само затоа што така одлучиле. Бикот е насочен кон домот и семејството, и подготвн е напорно да работи за да оствари материјална сигурнист, додека Скорпијата ја движи желбата за моќ и успех.

Поради нивната атална привлечност, често се вљубуваат на прв поглед и започнуваат врска, а во астрологијата важат за еден од највозбудливите парови чиј однос е обележан со страст и интензивни емоции.

Близнаци и Стрелец
Иако се спротивни знаци, имаат многу заеднички карактеристики. Двата знаци се друштвени и весели луѓе кои секогаш се во потрага по нови искуства и имаат многу пријатели, но главната разлика се однесува на поинаквите размислувања и животни цели. Близнаците секогаш се во движење, немирни се и не можат долго да се задржат на едно место. Сакаат да учат и да дознаваат нови информации, па затоа имаат широко, но, површно знаење за се, додека Стрелецот повеќе сака да се сконцентрира на едно подрачје. За него е поважно да има многу пријатели и да се забавува во животот, отколку да размислува за неговата смисла.

Стрелецот е по природа филозоф кој сака длабоки и аргументирани расправи, додека близнаците ги интересираат површни муабети, а склони се и кон трач кој стрелецот не го поднесува. Кога ќе се најдат во љубовна врска, можат добро да функционираат, иако секогаш ќе се караат и ќе започнуваат бесконечни расправи кои не водат никаде.

Рак и Јарец
Ракот и Јарецот се потполно различни луѓе. Нежниот и чувствителен рак во животот се води според чувствата, додека ладниот и воздржан Јарец смета дека покажувањето емоции е слабост. Јарецот се води според разумот и амбициите, а деловниот успех во животот му е најважен, додека Ракот е насочен кон семејството и нивното здравје и среќа им е главен приоритет.

И за Јарецот семејството е многу важно, но тој својата љубов ја покажува со дела – заработувајќи пари и создавајќи материјална стабилност, додека Ракот љубовта ја искажува со грижа и топлина. Еден на друг се многу привлечни па често започнуваат врска, но набргу на виделина испливуваат разликите. На воздржаниот Јарец најмногу му смета чувствителната природа и склоноста кон чести промени на расположението, а нежниот рак смета дека јарецот е ладна и затворена личност до која не може да се допре. Во овој однос ракот е тој кој се жртвува и чија топлина и посветеност го држи семејството во целина.

Лав и Водолија
Овие два знаци на прв поглед може да делуваат слични, но во основа се потполно различни со поинакви животни цели. Заедичко им е тоа што се друштвени и комуникативни, и тоа е се. За Лавот важно мислењето на околината и сака сите да му се восхитуваат и да го почитуваат, а за воодлијата тоа е потполно неважно. За него е важно да биде поинаков и да предизвикува контроверзии, а не да биде омилен кај луѓето.

Нивниот однос е експлозивен и динамичен. Жестоките расправи се составен дел од врската, а најдобро е сложуваат во кревет.

Девица и Риби
Нежната и романтична Риба е потполна спротивност на ладната и воздржана Девица. Додека е Рибата со главата во облаците, Девицата цврсто стои на земја и не си дозволува да создава нереални планови и идеи. Многу е самокритична и внимателно го планира секој детал, додека рибата живее во моментот и одлуките ги носи врз основа на моменталното расположение.

Различни се и во живтните цели – Девицата е одговорен работник која се труди да оствари добра заработка, за разлика од Рибата за која работата претставува нужно зло, посебно ако не ја сака својата работа, а парите не и се воопшто важни. Девицата внимава на своето здравје, дисциплинирана е и води уреден живот, а тоа е несфативо за рибите.

Љубовната врска помеѓу овие знаци не е реткост, но потребен е компромис за да функционира. Девицата треба да се навикне на мечтаењето на Рибите, а Рибите мораат да се помират со критиките и ладната емоционална природа на Девицата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>