Top
Папучари

Кои мажи се папучари?

Кои момци добиваат третман на папучари? Модерните времиња значително ги сменија погледите кон „машките“ работи. Да се биде папучар не е исто како пред 10 години. Кај овој тип на мажи се издвојуваат три видови со свои специфични карактеристики.

Први на листата се оние кои ѝ ја нудат јакната на дамата кога ѝ е ладно, а ни од далеку не се џентлмени. Овие мажи не се спортски типови и имаат ранлив карактер. Тие најчесто не се разбираат од технички работи и не знаат да сменат гума на автомобилот, па чекаат помош на улица. Секако, не значи дека влегувате во овој тип на мажи само затоа што не сте атлетски градени и затоа што не ви оди спортот. Важно е да имате желба и да немате млитав карактер. Чистокрвните папучари патат од недостатокот на сопствени ставови. Поради тоа луѓето, најчесто жените, лесно манипулираат со истите.

Девојките едноставно си играат со нив, а тие се прилагодуваат заборавајќи на своите потреби и желби. Нема шанси тие некогаш да бидат во право. Жената е таа која размислува за двајцата. Сепак, не значи дека треба да ја одминувате кујната за да не бидете дел од овие мажи. Тоа што не сакате да бидете папучар не значи дека треба да поминувате повеќе време со другарите отколку со девојката, ниту пак, своето мислење да го сметате за поважно од нејзиното.

Папучарите најчесто се мамини синови. Тие премногу се врзани за својата мајка. Поприлично се размамени и се ставаат на пиедестал бидејќи мамо и тато така ги одгледале, како принцови. Не треба да мислите дека ќе бидете поголем маж доколку не контактирате со своите родители. Напротив, мажите кои имаат либерални и неконвенционални родители треба да бидат во одлични односи со нив.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *