Top
jagodi

Овошки кои придонесуваат за блескава насмевка

Веќе знаете дека овошјето е вкусно и здраво, но треба да знаете и дека постојат овошки кои насмевката ја прават блескава.

Банани
Делумно помага бананата, но многу повеќе нејзината лушпа. Со кружни движења поминете ги забите и непцата. Правете го тоа барем 2 минути, а потоа забите измијте ги со паста. После неколкудневна употреба на бананата ќе забележите дека има разлика.

Јагоди
Јагодите се вистински пријатели на здравјето на забите. Во нив има овошни киселини кои спречуваат создавање на дамки од храна и пијалоци на забите.

Јаболка
Веќе позната природна „четка“ за заби се јаболката. Кога џвакате јаболка, парчињата се протнуваат помеѓу забите и непцата, а во устата се излачува плунка која ги чисти забите од бактерии, неутрализира киселини и на тој начин ги чува забите од кариес.

Лимон
Киселините од цитрусот, особено лимонот и лиметата во себе има ензими кои ги убиваат бактериите меѓу кои и оние кои се виновни за лошиот здив. Освен тоа, содржат киселина која ги нагризува дамките од храна и пијалоци кои се појавуваат на забите.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *