Top
Kus-psiho-test-iLike-mk

Кус психолошки тест: Откријте каква личност сте според Фројд!

Дури и да сметате дека знаете сè за себе, ве покануваме да направите еден брз психотест кој ги анализира вашите приоритети кои се случуваат на потсвесно ниво. Автор на тестот е Зигмунд Фројд и ги истакнува вашите приоритети според неговите сфаќања за аспектите на човечкиот живот.

Замислете дека сте дома и следниве пет нешта се случуваат истовремено:

1. Ѕвони телефонот,

2. Бебето плаче,

3. Некој тропа на надворешната врата,

4. Започнува да врне, а вие имате распослано алишта на терасата,

5. Умивалникот претекува бидејќи чешмата е пуштена, а одводот запушен.

По што прво би посегнале?

*Одговорите се после фотографијата.

Rasplakano-bebe-iLike-mk

- Телефонот е вашата работа. Ако прво сте ја дигнале слушалката, тогаш ништо не може да ве спречи да ја постигнете посакуваната кариера.

- Детето е симбол на семејството. Во случај да сте посветиле внимание на детето, тоа значи дека блиските ги поставувате на прво место во вашиот живот.

- Ако прво сте ја отвориле вратата, за вас се најважни вашите пријатели. Секогаш сте тука за нив и никогаш не би им откажале помош.

- Дали алиштата од тераса? Значи дека парите се вашата висока цел. Го броите секое денарче и сонувате за поголеми приходи.

- Во случај да сте ја избрале чешмата значи дека сексот игра многу важна улога во вашата потсвест. Вие сте страсни по природа и секогаш подготвени за експериментирање.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>