Top
Test-vo-shkolska-klupa-iLike-mk

Збунет тинејџер: Освоив НУЛА бодови, а НИШТО не погрешив

Повеќето од вас веројатно ги знаат овие интересни и досетливи одговори на еден ученик кои засмеваат милиони луѓе ширум светот, но за тие кои немале можност досега да ги прочитаат, ги пренесуваме интегрално.

1. Во која битка загина Наполеон?
– Во неговата последна битка.

2.Каде беше потпишана Декларацијата за независност?
-Најдолу.

3. Која е главната причина за развод?
– Бракот.

4. Што не треба да изедеш за доручек?
– Ручекот и вечерата.

5. Што изгледа како половина од јаболко?
– Неговата друга половина.

6. Како може еден маж да помине осум дена без да спие?
– Нормално, ќе спие навечер.

7. Како можеш да подигнеш слон со една рака?
– Каде ќе најдеш слон со една рака?

8. Доколку во едната рака имаш три јаболка и четири портокали, а во другата четири јаболка и три портокали, што би имал?
– Огромни раце.

9. Ако на осум мажи им се потребни десет часа за да изградат еден ѕид, колку време им е потребно на четири мажи за да го изградат?
– Нула. Ѕидот е веќе изграден.

10. Како можеш да фрлиш јајце на подот без да го скршиш?
– Како сакаш, тешко е да го скршиш подот со јајце.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>