Top
driving

Ослободете се од стресот

Превисокото ниво на стрес влијае негативно на нашиот организам, а истото се поврзува со големи здравствени проблеми. Стресот е деструктивен по вашето здравје и морате да научите како да се ослободите од него. Со овие неколку совети многу лесно ќе се ослободите од стресот.

Исклучете го мобилниот и лаптопот
Ако сте во можност, исклучете го мобилниот телефонот и лаптопот, барем на кратко, препуштете се на уживање и занемарете ги другите за момент.

Дишете длабоко
Вежбите за дишење ќе ви помогнат да се смирите. Освен тоа, длабокото дишење ослободува ендорфин, хормон поради кој се чувствуваме опуштено.

Повторувајте ги зборовите „Смири се“
Психолози велат дека ова навистина помага. Затоа, неколку пати повторете си „смири се“, бидејќи на тој начин организмот ќе поверува дека сте смирени.

Слушајте музика додека возите
Луѓето се исклучително нервозни во сообраќајот, особено наутро кога одат на работа. Пуштете си тивка музика и на тој начин смирено ќе го започнете денот, а ќе бидете расположени и во остатокот од него.

Средете го плакарот
Расфрланата облека несвесно создава стрес. Средете го плакарот, бидејќи тоа ќе ви ги оттргне мислите, а и многу полесно ќе се снајдете во него.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>