Top
stres_na_rabotno_mesto

Ослободете се од стресот на работното место

Покрај сите рокови и одговорности кои се дел од работата, сосема е нормално да чувствувате голем стрес. Дали знаете точно зошто така се чувствувате? Едно истражување објавено во магазинот „Marketing Research“, открива како емоционалниот конфликт или чувството на вина или страв можат да предизвикаат да се чувствувате така, а не затоа што тоа навистина е така. Постојат мали трикови кои ќе ви помогнат да се справите со стресот на работа.

Дишење
Дишењето е најлесниот начин во борбата против стресот, па така кога ќе почувствувате дека главата би можела да ви експлодира, длабоко вдишете. Фокусирајте се на длабокото и бавно дишење, како да медитирате. Бројте до 5 додека вдишувате и до 6 додека издишувате.

Поделете ги обврските на 4 дела
Обичен лист хартија преклопете го на 4 дела па на секој квадрат напишете „итно“, „не е итно“, „важно“, „не е важно“. Потоа класифицирајте ги сите ваши задачи во тие категории. Откако ќе ги завршите прешкртајте ги. Чувството ќе биде одлично па тоа може да ви послужи и како мотивација. Луѓето често ја потценуваат моќта на оваа листа. Не бидете дел од нив.

Свртете ги своите негативни емоции
Дали се чувствувате загрижено поради обемот на работа? Обидете се со следниот трик: наместо очајување, кажете си на себе дека сте силно возбудени поради тоа. Иако не е така, вие преправајте се дека е така. Не се поткопувајте пред да започнете. Исто така, сетете се дека еден ден трудот ќе ви се исплати, а тоа е најважно.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *