Top

Сакаш „OPEN RELATIONSHIP“ или „MARRIED“?! (Пази да не станеш „widow“!)

„Срцко, а да се пишеме дека сме во врска? Или подобро, ај од денес јас и ти ќе бидеме „married“. Нека фрчат лајкови, коментари, твоите пријатели, моите пријатели… Ма што ти е гајле кој што ќе пишува, дај да се позезаме и да привлечеме внимание!“ Два дена „во врска“, љубовни статуси, лигавење, срциња, кисчиња, изливи на љубов (емоционален пролив) по „ВОЛ“, пробуваат да си ги направат љубоморни бившите (или потенцијално идните). И оп, од утре не се ни познаваат – се блокираат по профили, а статусот си го менуваат во сингл…

… Следува уште една доза лајкови, коментари (овој пат „сочувство“ за раскинатата врска), па тешење, „леење виртуелни солзи“… До следната промена на статусчето. А, ако само малку си го вклучиш мозокот и пробаш ти да ги споиш, ќе сфатиш дека ТОЈ не знае дали ТАА ги депилира или бричи нозете (и колку често), ТАА нема поим дали ТОЈ се депилира под мишка (основата на секоја вистинска врска), а сепак се „in a relationship“. Не е ни чудо што работите одеднаш стануваат „COMPLICATED“.

Затоа повеќе депилација, помалку компликација!

Автор: Јазик со трајна депилација


Сакаш да објавиш статија? Контактирај нè!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *