Top
Oblik-na-lice-mazhi-iLike-mk

Обликот на лицето на мажите го открива степенот на интелигенција

Може ли според обликот на лицето да се „прочита“ интелигенцијата на луѓето? Тим од чешки научници, под водство на Карел Клеиснер од Природонаучниот факултет во Прага смета дека тоа е можно, но само кај мажите, јави дописникот на МИА од чешката метропола.

Интелигенцијата е од клучно значење за нашиот опстанок. Ако пред умен човек не бидеме внимателни, може многу лесно да не измами. Исто така, за жените, интелигенцијата на мажите е важен водич за признавање на нивниот квалитет, се вели во студијата.

Во неа учествувале 80 студенти (40 мажи и 40 жени) чии лица биле фотографирани со неутрален израз, без употреба на накит и козметика. Сите биле подложени на тест на интелигенција со кој меѓудругото се мери коефициентот (IQ).

Потоа, фотографиите им биле покажани на 160 волонтери кои ја оценувале интелигенцијата и атрактивноста на лицето.

- Нашите оценувачи, мажите и жените го проценија нивото на интелигенцијата со најголема веројатност од фотографиите на мажите, но не и од фотографиите на жените, пишуваат авторите на студијата.

На машките лица главно можело да се „прочитаат“ два аспекти на интелигенција: т.н. флуидна интелигенција, односно способноста за решавање на логички проблеми независно од стекнатото образование и фигуралната интелигенција која го користи умот при работа со слики и форми.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *