Top
struk

Обемот на струкот треба да биде ½ oд висината

Мажите кои се високи 180cm би требало да имаат струк широк 90cm, а жените кои се високи 170cm треба да имаат обем на струк најмногу 85cm. За оние кои имаат повеќе сантиметри во обемот, велат дека во просек живеат барем 2 години помалку.

За подолг и поздрав живот струкот треба да биде ½ од вашата висина. Заборавете ги индексот на телесна тежина, здравствените апликации и секојдневноо мерење на вага. Најдобар показател за здравјето и состојбата на организмот може да ви биде обемот на струкот. Научниците во училиштето Cass од Лондон, прегледувајќи повеќе од 300000 луѓе го заклучиле токму тоа, дека обемот на струкот треба да биде ½ од вашата висина. Tаквиот обем е показател дека постои превенција од кардиоваскуларни болести, земајќи предвид дека мастите кои се таложат во пределот на струкот го зголемуваат ризикот од срцев удар и го зголемуваат крвниот притисок.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>