Top
Fetus-iLike-mk-F

Неверојатни фотографии од развојот на фетусот во матката на мајката

Овие неверојатни фотографии покажуваат како настанува човековиот живтот. Сите фази од развојот на фетусот можат да се видат со ултразвук, но не вака телано како на фотографиите во продолжение.

5-та недела од развојот

5-та недела од развојот

Вака изгледаат близнаци во 5-тата недела од развојот на фетусите. Во оваа недела почнува да се формира ‘рбетот. Фетусите се големи колку сусам.

8-ма недела од развојот

8-ма недела од развојот

Веќе се гледаат прстињата на екстремитетите, а ‘рбетот е убаво формиран. Но, сеуште е рано за одредување на полот. Интересно е што плодот постојано ротира, ама мајката не е во состојба да го забележи тоа бидејќи плодот е со димензии на зрно грашок.

10-та недела од развојот

10-та недела од развојот

Фетусот тежи околу 8 грама и е голем колку слива. Во оваа фаза бебето ги има развиено речиси сите органи. Почнуваат да се наѕираат ноктињата на прстињата, а главата е половина од целата големина на телото.

11-та недела од развојот

11-та недела од развојот

Големо колку смоква и речиси целосно оформено. Коските се зајакнуваат, а за првпат се слуша срцева акција. Плодот константно ротира, но мајката и понатаму тоа не го чувствува.

14-та недела од развојот

14-та недела од развојот

Во оваа недела запознува второто тромесечие од бременоста. Бебето е големо колку јаболко. Во оваа недела може да ја имате таа среќа да го видите сопственото бебенце како го цица палецот од едната рака, доколку отидете на ултразвук.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *