Top
zenska-canta

Нешта кои секоја жена треба да ги има во својата чанта

Покрај основните нешта, како на пример клучеви, паричник, мобилен телефон, во женската чанта добро е да ги има и следниве корисни ситници. Станува збор за СОС нешта кои не зафаќаат многу место, а кои може да бидат од голема корист.

КАРМИН
Секоја жена знае дека со нанесување на кармин ќе добие потполно поинаков и поубав изглед. Токму затоа, кога немате време за долготрајно шминкање, а ненадејно ви излезе некоја средба, карминот ќе ви даде неодолив изглед.

МАЛ СЕТ
Сетот кој содржи турпија за нокти, пинцета и ноктарка е многу корисен. Ако некој нокт почне да ви закачува на облеката или пак ненадејно ви се скрши, ова сетче навистина ќе ви се најде.

ТАМПОНИ И ВЛОШКИ
Како резултат на стресниот начин на живот, може да добиете циклус и кога не очекувате. Бидете подготвени во секој момент и носете барем еден тампон и една влошка.

ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА ИЛИ ПАЛОМА
Ова е еден од стандардните додатоци во женските чанти. Освен за бришење раце, може да ги користите на пример и за отстранување на размачканата шминка.

ПЕНКАЛО
Никогаш не знаете кога ќе ви притреба пенкало за да запишете некој важен податок или да потпишете слип. Секогаш имајте едно во чантата.

ОГЛЕДАЛО
Практично, мало огледало ѝ треба да на секоја девојка. Бидејќи сигурно и вие сакате да проверите дали сте ја размачкале шминката ако сте се расплакале или да проверите дали останало нешто помеѓу забите после ручекот, не заборавајте да понесете огледалце.

БАЛСАМ ЗА УСНИ
Многу од жените имаат балсам за усни на работото биро или некаде околу креветот. Носете еден балсам и во својата чанта, секогаш бидете подготвени за бакнеж.

ДЕЗОДОРАНС
Жените имаат брзо темпо на живот, а тогаш е неизбежно потењето. Секако дека хигиената ја одржувате на високо ниво, но дезодорансот ќе ве спаси во неочекувани ситуации.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *