Top
nasmevka

Нешта кои ја дефинираат среќата

За чувство на комплетна среќа, како што велат истражувачите од австралискиот Универзитет Дикин, треба да бидат исполнети 3 услови кои тие ги нарекле „Златен триаголник на среќата“: добри меѓучовечки односи, стабилната финансиска ситуација и поседување животна цел.

Тие до овој заклучок дошле врз основа на студија која е спроведена во период од 15 години, а во неа учествувале над 60 илјади луѓе. Роберт Каминд, еден од авторите на студијата вели дека односите кои ги имаме со другите луѓе се од пресудно значење.

Дури и оние кои имаат ниски примања можат да имаат задоволително ниво на среќа доколку развиле позитивни општествени контакти и ако имаат одредена цел во животот. Тие односи не мора задолжително да бидат од романтична природа, но потребно е да подазбираат постоење на поддршка и интимност. Тој вели и дека неопходно е да имате некој со кој можете да ги споделите своите мисли, тајни, надежи, соништа и стравови. Животните тешкотии прво ќе ги повредат оние на кои им недостига тој вид на потпора.

Каминс вели и дека парите играат значајна улога во среќата на поединецот, бидејќи му овозможуваат да се ослободи од стресот. Но, и покрај тоа, за човекот да го достигне степенот на задоволство и среќа потребно му е работата да му пружа повеќе од финансиска сигурност.

Истражувачите ги изненади фактот дека испитаниците ретко ја поврзувале среќата со здравјето. Според резултатите, задоволството со сопственото здравје опаѓа како што старееме, но среќата, генерално, се повеќе расте со текот на годините.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>