Top
Cvekjinja-na-prozor-iLike-mk

Нешта кои треба да ги има во сечиј дом

Погодностите на домот не се одредуваат според буџетот, туку според вкусот. Овие нешта во вашиот дом ќе ви покажат дека сепак може да се направи спој помеѓу удобното и модерното.

Удобен душек
Веројатно и не постои ништо поважно од душекот на кој спиете секоја ноќ и токму затоа е единствениот предмет во домот за кој не треба да штедите пари. Одвојте доволно време и тестирајте неколку видови, додека не го пронајдете оној кој ви е најпријатен за телото.

Уметничко дело
Во вашиот дом би требало да имате барем една слика или скулптура, која ќе ја одразува вашата личност. Тие не треба да бидат скапи, туку да ве потсетуваат на убави спомени или некакво минато поврзано со вас.

Цвеќиња во домот
Зеленилото не само што ќе го подобри квалитетот на воздухот, туку и ќе го исполни просторот со топлина и удобност. Ова е особено корисно ако живеете во мал стан, па затоа вклучете го цвеќето во секоја точка на вашиот дом.

Полица за книги
Ѕид за бескрајни декоративни можности е мебел, кој секој дом треба да го има. Покрај омилените книги додадете неколку сувенири, рамки со семејни фотографии и свеќи.

Катче за релаксација
Секој дом треба да има мирно катче за рекреација. Изберете некој дел во домот, каде ќе можете мирно да уживате во добра книга, чај или кафе. Потребни ви се само фотелја, масичка, столна ламба и неколку книги и ќебе.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *