Top
Trening-iLike-mk

Нешта кои ќе ви помогнат да ослабнете побрзо

Ако сакате да ослабете, а не сакате напорни диети, ниту пак напорни вежби, постои решение. На следниве неколку начини, со малку труд, можете да постигнете големи резултати.

Смејте се
Смеењето, освен што влијае позитивно на емоционалното здравје, согорува и калории. Смејте се искрено, секој ден по 10-15 минути и во просек ќе согорувате 275 калории неделно.

Имајте секс
Сексот го забрзува метаболизмот и помага во обликувањето на вашето тело. Со секои 30 минути сексуална активност во просек се трошат по 150 калории.

Вежбајте наутро
Вежбањето наутро овозможува побрзо да се согоруваат масните наслаги, бидејќи тогаш телото црпи енергија од натрупаните масти. Ако вежбате наутро, ќе ослабете 1 килограм повеќе, отколку ако вежбате во било кој друг дел од денот.

Слушајте релаксирачка музика додека јадете
Ако додека јадете слушате музика што ве релаксира, храната ќе ја џвакате со побавно темпо и ќе има доволно време за мозокот да добие информација дека сте сити.

Додека вежбате, слушајте музика чие што темпо се забрзува
Ако го следите ритамот на музиката, нема да чувствувате толку многу замор и ќе можете да вежбате подолго, а со тоа и да согорите повеќе калории.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *