Top
FoodPyramid

Неоргански загадувачи на храната

Познато е дека некои елементи, како на пример оловото и арсенот кога ќе се најдат во човечкиот организам, може да предизвикаат неповратни оштетувања, па затоа се и повеќе од неполжелни во храната што ја конзумираме.

Арсенот, на пример, природно постои во животната средина, додека пак, оловото најчесто се јавува како последица на индустриската контаминација, како и другите активности на современиот човек. Во Велика Британија, како и во повеќето други земји, постојат законски легислативи за контрола на количеството на вакви елементи во храната. Во последно време, се зголемува контролата врз токсичните елементи како кадмиумот, живата, алуминиумот.

ОЛОВО
Главен извор на загадување на храната со олово денес е употребата на алкил – оловните компоненти како адитиви во нафтените деривати. Оловото кое се среќава во храната е чисто олово, неоргански јони и соли. Кога се наоѓа во човечкиот организам, оловото нема никаква есенцијална функција, туку само голем број на негативни дејства, особено врз малите деца и фетусите. Луѓето кои секојдневно конзумираат алкохолни пијалаци, како што се вино и пиво, имаат зголемен внес на олово, со што се зголемува и нивото на олово во крвта. Исто така, растителните култури содржат олово кое го апсорбираат од почвата или воздухот, но важно е да се нагласи дека поголемото количество на оловото може да се отстрани со миење.

olovo-ilike-mk

КАДМИУМ
Утврдено е дека кадмиумот е екстремно токсичен метал. Кога ќе се внесе во човечкиот организам, само 5–10 % од кадмиумот се ресорбира преку гастроинтестиналниот тракт, меѓутоа при подолга изложеност тој може да се акумулира и да предизвика оштетување на бубрезите. Првиот знак за вакво оштетување е зголеменото ниво на протеини во урината. Кадмиумот и неговите соединенија го зголемуваат канцерогениот ризик кај животните, додека кај луѓето конкретен доказ за вакво нешто нема. Најголемото загадување со кадмиум доаѓа од индустриските капацитети, меѓутоа во неиндустриските подрачја, луѓето најмногу се изложени преку храната, чадот од цигарите како и атмосферските талози.

Kadmium

АРСЕН
Арсенот има отровни својства. За прв пат масовно е забележано труење кај луѓето во Северна Англија во 1990 година, од пиво направено со глукоза. Во спроведената истрага утврдено е дека труењето настанало како резултат на употребата на арсен пирит што се користи за производство на сулфурна киселина, која пак се употребува за производство на глукоза. Главниот извор на арсен е рибата и тоа со удел од 94% во изложеноста на луѓето преку храна. Арсенот е присутен во скоро секоја риба како органско соединение арсенобетаин, коешто кај човекот не може да се метаболизира. Високи концентрации на арсен можат да се најдат и кај морските ракови, и тоа повеќе во белото отколку кафеното месо.

Arsen

ЖИВА
Живата е единствен метал кој на собна температура е во течна агрегатна состојба. Пареите на жива, во одредени периоди од месецот или годината предизвикуваат хронично труење. Неорганските соединенија на живата кај човекот можат да предизвикаат крварење во гастроинтестиналниот тракт, оштетување на бубрезите, проследено со смрт како резултат на уремиа. Главниот извор на изложување на жива од страна на популацијата е преку амалгамните пломби. Во исхраната, пак, главен извор на жива се смета дека е рибата. Повиоски концентрации на жива од вообичаеното, понекогаш можат да се најдат и во житни култури, како и во месо.

ziva

АЛУМИНИУМ
Алуминиумот се користи во прозиводтво на градежни материјали, материјали за пакување и садови за готвење. Тој предизвикува токсични ефекти доколу се најде во водата што се користи за дијализа. Најголема изложеност на алуминиум е од пијалаците, лебот и житните производи. Од пијалаците заради нивната зголемена употреба, а од житните производи поради користење на адитиви што содржат алуминиум.

Aliminium




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>